Големиот шумски пожар во областа Рафина е ставен под контрола

Големиот шумски пожар кој денеска изби во областа Рафина е ставен под контрола, соопштуваат грчките власти попладнево.

Пожарот избуна во 15.21 часот по локално време во општина Рафина во источниот дел на регионот Атика, во близина на населбите каде што пред точно една година во катастрофалните пожари животот го загубија 102 лица.

Во гаснењето на пожарот учествуваат 101 пожарникар со 48 возила, четири пешадиски тимови, специјални тимови, два авиона и три хеликоптери.

Делумно под контрола е ставен и шумскиот пожар што изби во 15.27 часот по локално време исто така во источниот дел на регионот Атика. Таму интервенираат 13 пожарникари со пет возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот