Големиот шумски пожар од Либан се прошири во Сирија

Фото: EPA/FABRIZIO FOIS

Пожарникари втор ден се обидуваат да го изгаснат шумскиот пожар во северен Либан, кој денеска се прошири преку границата во Сирија, соопштија локалните власти.

Цивилната одбрана на Либан ангажираше 25 противпожарни возила со поддршка на четири воени хеликоптери и воени единици и го повика соседен Кипар на помош.

Црвениот крст на Либан соопшти дека се евакуирани 17 лица, едно момче загинало, а лекарска помош им била дадена на триесетмина луѓе, од кои осум се во болница.

Пожарот избувна вчера во северната провинција Акар, каде има дабови, кедрови и борови шумикои се едни од најубавите во Либан, а потоа се прошири и во сириската провинција Хомс.

Гаснењето го отежнува силниот ветер и топлината, како и нерамниот терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот