Големиот пожар во Карбинци е ставен под контрола

Фото: МИА

Пожарот кај Карбинци е ставен под контрола, а на терен сѐ уште се пожарникарите и месното население, кои не дозволуваат да се шири.

Изгореа две викенд куќи, пумпна станица за вода за пиење, фотоволатична централа, шумски појаси и околу 100 хектари земјоделско земјиште, за среќа поголемиот дел од житарицата е ожнеана, е исходот од големиот пожар во општина Карбинци.

Од една од викендичките евакуирани се и три лица, меѓу кои мајка на возраст од над 50 години и нејзиниот син со посебни потреби. Од куќата ги извлекле двајца полицајци и месното население, кое веднаш се вклучило во спасување и гаснење на пожарот, а со трактори не дозволиле да се прошират огнените јазици и кон околните викенд куќи.

Градоначалникот на Општиан Карбинци, Јордан Насев кој беше на лице место вели материјалната штета е голема.

– И покрај брзата интервенција од противпожарната единица, коишто со четири возила и дваесеттина пожарникари и месното население беше со земјоделска механизација, меѓутоа не успееја да се спротистават на силниот ветар, којшто сѐ уште беснее и дополнително го отежнува гаснењето на овој пожар, вели Насев.

МИА и претходно информираше дека пожарот почнал во 16 часот. Во првите моменти околу 50 жители од Општина Карбинци се вклучиле во гаснењето на пожарот, а дополнително бројката се зголемила. Насев посочи дека екипите на комуналното претпријатие се на терен, кај премпуните станици и смета дека нема да има проблеми со водоснабдувањето на селата.

Регионалниот патен правец од селото Таринци кон селата Карбинци, Радање и кон планината Плачковица беше затворен за сообраќај, аполицијата се уште е на терен.

Според Насев, засега официјално не се знае кои се причините за големиот пожар, месното население е категорично дека овој пожар не е предизвикан од стрниште, според нив пожарот почнал да се шири во близина на трафостаница на ЕВН.

Пожар во атарот на општина Карбинци, опожарени две вили

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот