Големиот пожар на плажата на хрватскиот остров Паг „проголтал“ 20 хектари борова шума (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиРегион

Големиот пожар на плажата на хрватскиот остров Паг „проголтал“ 20 хектари борова шума (ВИДЕО)

На снимките кои кружат на интернет можат да се видат хектари со борова шума уништени поради огнот.

Ден по големиот пожар на хрватскиот остров Паг, на плажата Зрќе можело да се забележи многу пепел и запалена борова шума.

На снимките кои кружат на интернет можат да се видат хектари со борова шума уништени поради огнот.

Според првите податоци од Хрватска, изгореле околу 20 хектари шума, а огнената стихија се заканувала дека ќе стигне и до населението на Паг.

Инаку, во гасењето на пожарот учествувале повеќе десетици пожарникари, како и авијација.

Се претпоставува дека пожарот бил подметнат од страна на непознат пироман.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close