ГОЛЕМИ ПРОТЕСТИ ВО КИЕВ, ИЛЈАДНИЦИ ДЕМОНСТРАНТИ НА УЛИЦИТЕ: Војната продолжува! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Денеска во центарот на Киев илјадници демонстранти се собрале за да изразат незадоволство од растечката автономија на проруските сепаратистички области што би можеле да „оживеат“ како дел од мировните напори на претседателот Владимир Зеленски, јавуваат локалните медиуми.

Според полицијата, на плоштадот во Киев, Мајдан имало меѓу 4.000 и 5.000 демонстранти извикувајќи: „Нема капитулација! Не за амнестија!“ и со транспаренти на кои пишувало „Војната продолжува“, додека некои извикуваа непријателски пароли против Зеленски.

„Сите ние сакаме мир, но мирот и капитулацијата се две различни нешта. Луѓето не умираа заради ова“, рече демонстрантот Микола, кој, како што рече, се борел против сепаратистите на истокот на земјата во 2014 и 2015 година.

Мировниот процес во источна Украина, каде што конфликтот меѓу украинските и проруските воени сили однесе речиси 13.000 животи во 2014 година, во последниве месеци бележи одреден напредок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот