Големи промени во командата на руската армија

Владимир Путин/ Фото: ЕПА

Руското Министерство за одбрана соопшти дека раководството на централните и јужните групи сили кои се борат против Украина е сменето, потврдувајќи ги гласините дека високата команда на Русија го реструктуира раководството на операциите во Украина.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека сега командантот на Централниот воен округ, генерал-полковник Александар Лапин, командува со „централната“ група сили. Овие трупи се одговорни за операциите во Лисичанск и Северодонецк.

Генералот Сергеј Суровикин, командант на руските воздухопловни сили, командува со „јужна“ група сили. Тој ја надгледуваше опсадата на Хирска и Золота. Преструктуирањето на руската команда се случи со цел подобро да се организираат операциите во Украина, иако во соопштението на руското министерство не се наведува дека дошло до промени.

Министерството за одбрана на Велика Британија потврди дека руската команда отстранила неколку генерали од клучните оперативни улоги во Украина. Меѓу тие генерали се и генерал-полковникот Андреј Сердјуков и командантот на Јужниот воен округ на Русија, Александар Дворников.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот