Големи промени: Лигата на шампионите ќе се игра со 36 екипи!?

фото: ffm.mk

Барем како што информира британскиот „Телеграф“, од сезоната 2024/25 УЕФА е подготвена да го зголеми бројот на учесници во најелиетното европско клупско натпреварување.

Изворот вели дека можно е за четири години наместо 32 според сегашниот формат, од 2024/25 да играат 36 екипи во Лигата на шампионите.

Се планира наместо досегашните осум групи со по четири екипи, да има шест групи со по шест екипи, во овој случај сите би одиграле по 10 натпревари во групната фаза.

Лигата на шампионите се враќа, без македонски фудбалери сезонава

Алтернативно, секој клуб ќе одигра 10 натпревари против 10 различни противници, според швајцарски модел, еднакви или приближно според квалитетот, што ветува дека натпреварувањето ќе биде уште поатрактивно.

Конечната одлука би требало да биде донесена во 2021 година, а и натаму нема реакции од Европската фудбалска куќа за најавите од „Телеграф“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот