Големи проблеми за Пелистер, може да биде исфрлен од Прва лига

фото: ФК Пелистер

Екипата на Пелистер пред стартот на новата сезона во Првата лига се соочува со големи проблеми бидејќи не може да регистрира доволен број на фудбалери.

Неизвесната финансиска ситуација во клубот од Битола, натера голем број на фудбалери да си заминат поради што Фудбалската федерација на Македонија му даде рок до 15 јули на Пелистер да регистрира 12 играчи за настап во новата сезона. Доколку не го стори тоа до зададениот рок, Пелистер ќе биде исфрлен од Првата лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот