Големи пожари на три грчки острови, повеќе од 227 пожарникари на терен

greece.greekreporter.com

Големи шумски пожари ја зафатија Грција, и тоа на островите Евија и Тасос, како и во близина на Теба, северозападно од Атина.

Голем пожар, зајакнат од силните ветрови, ја опустоши боровата шума на грчкиот остров Евија, каде како мерка на претпазливост евакуирани се два манастири и две села. Густ чад ја прекри и Атина, која е оддалечена 110 километри.

Повеќе од 227 пожарникари, пет хеликоптери и шест канадери се борат со огнената стихија на Евија.

Пожари неконтролирано избија во четири грчки региони, а пожарникарските служби во последните три дена гаснеа 182 пожари.

Претставници на цивилната заштитна служба ги предупредија луѓето во погодените области, посебно повозрасните, децата и хронично болните, да останат во затворен простор и да ги подесат клима уредите така што ќе се користи само воздухот од просторијата.

Силниот ветер и непристапниот терен ги отежнуваат напорите на пожарникарите да се изборат со пожарот кој зафати шума, опфатена со програмата ЕУ Натура 2000.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот