Големи пожари ја зафатија Индија: Најмалку 19 мртви

Најмалку 19 лица загинаа во пожар во трговскиот центар во Индија, соопшти противпожарната служба.

Луѓето скокнале од зграда во градот Сурат во западниот дел од земјата, за да избегаат од огнот.

Пожарникарите соопштија дека околу 25 луѓе се заробени во комплексот. Премиерот Нарендра Моди изрази сочувство до семејствата на жртвите.

-Многу сум тажен поради трагедијата во Сурат, сакам повредените брзо да закрепнат, напиша Моди на  Твитер, додавајќи дека им наредил на властите да им помогнат на повредените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот