ВИДЕО: Големи поплави во Нигерија, 24 милиони жители може да ги загубат своите домови

Фото; EPA-EFE/AKINTUNDE AKINLEYE

Жителите на најнаселената африканска земја, Нигерија, веќе со недели се соочуваат со големите климатски промени. Главниот град Лагос е погоден од една од најголемите поплави во нивната историја, поплавувајќи голем број на куќи и автомобили. Во градот живеат повеќе од 24 милиони луѓе, на кои им се заканува голема штета, до крајот на овој век би можел да стане ненаселено место, пренесува Си-Ен-Ен. 

„Кога излегов од домот не очекував да врне толку дожд. Поради поплавата имаше голема гужва на улиците.  Во еден момент водата го покри мојот автомобил и почна да тече во него“ изјави за Си-Ен-Ен жител на Лагос. 

Лагос е делумно изграден на копно, а делумно на неколку острови.  

Покрај проблемите со климатските промени, Нигерија се соочува и со проблем кај дренажните системи. 

Нигерискиот еколог Сејуфунми Адеботе изјави дека „мора да се погледнат инфраструктурите на дренажните системи, капацитетите за управување со отпад и структурата на зградите и колку се тие инфраструктури отпорни против вакви поплави“. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот