Големи поплави во Италија, во Џенова ветер од 120 километри на час (ВИДЕО)

Силно невреме, проследено со поројни дождови предизвика поплави во повеќе области во северозападниот дел на Италија, а две лица се водат за исчезнати.

Врнежите во последните 24 часа поплавија големи површини во централниот дел на Милано, а локалните власти предупредија дека би можело да дојде до излевање на реката Севесо.

Повеќето патишта се затворени за сообраќај поради поплави или откорнати дрвја. Невремето ја зафати и Џенова со брзина на ветрот од околу 120 километри на час.

https://www.youtube.com/watch?v=yqXzkCGGHW8

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот