Големи поплави на Хаваите: Властите ги евакуираат граѓаните

Гувернерот на Хаваите Дејвид Иге прогласи вонредна состојба откако обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а властите наредија евакуација на неколку илјади луѓе од сериозно погодените области.

Вонредна состојба е прогласен по излевање на брана на островот Мауи по што се уништени и оштетени голем број куќи.

„По прогласувањето вонредна состојба, стануваат достапни општи државни фондови кои можат брзо и ефикасно да се искористат за да им се помогне на погодените од временските неприлики, рече вчера Иге.

Лошото време се очекува да трае до петок. Вонредната состојба ги опфаќа островите Мауи, О’Аху и Кауаи и регионот Калавао, се вели во соопштението на кабинетот на гувернерот.

Одделот за итни случаи во Хонолулу им наложи на луѓето да го напуштат Халеива, заедница од неколку илјади луѓе северно од главниот град.

„Хаваи њуз нау” вчера јави дека поројните води однеле две лица. Властите успеаја да спасат еден 27-годишник, а по уште едно лице сè уште се трага. Засега нема извештаи за други жртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот