Големи нереди на автопатот кај Загреб, навивачи на Хајдук се судрија со полицијата

Загреб полиција/ Фото: Принтскрин

Вечерва се затворени двете ленти на автопатот меѓи Загреб и Карловац. Дошло го големи нереди, па интервенирала и полицијата, јавуваат хрватските медиуми.

-Затворен е за секаков сообраќај делот на автопатот А1 Загреб-Сплит-Плоче меѓу клучките Лучко и Карловац во правец на Дубровник и меѓу клучките Јастребско и Лучко во правец кон Загреб“, пишува ХАК.

-Навивачите на Хајдук со своите возила запреа три ленти и почнаа да излегуваат надвор. Повеќето од нив беа од Сплит. Имаа палки, оклопи, почнаа да трчаат кон бензинската пумпа… Би рекол дека ги има повеќе од 150. По 5 минути пристигна и интервентната полиција и специјалците, се слушаат сирени, полициски возила, итна помош, страшно, јавуваат сведоци.

Инаку на Максимир вечерва се одигра последното коло од Хрватската национална лига. Динамо го победи Хајдук со 3-1.

Во пресрет на дербито, полицијата и полициската служба на влезот на јужната трибина на Максимир на сплитска Торцида и на гостинските навивачи од Хајдук не им дозволи да внесат никакви транспаренти. На натпреварот пристигнале нешто помалку од две илјади гостински навивачи, кои во знак на протест одбиле да влезат на стадионот.

По натпреварот дошло до судири меѓу припадниците на Торцида и полицијата на одморалиштето Десинец на автопатот, при што имало и повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот