Големи инциденти на грчките острови Лезбос и Хиос, над 60 повредени (ВИДЕО)

Фото: МИА

На островот Лезбос, во инцидентите повредени се 43 полицајци и десет граѓани, додека пак на Хиос, со повреди се здобиле осум полицајци кога гневни граѓани влетале во хотелот и во собите во кој што биле сместени и физички ги нападнале.

На грчките острови Лезбос и Хиос и денеска продолжија протестите на локалното население против изградбата на затворените центри и повторно кулминираа со судири меѓу граѓаните и полицијата, во кои, според локалните медиуми, повредено е вкупно 61 лице, од кои 51 полицаец.

На островот Лезбос, во инцидентите повредени се 43 полицајци и десет граѓани, додека пак на Хиос, со повреди се здобиле осум полицајци кога гневни граѓани влетале во хотелот и во собите во кој што биле сместени и физички ги нападнале.

Според видеото и фотографиите објавени од локалниот информативен портал од Хиос „Алитиа”, граѓаните насилно влегуваат во хотелот и собите, физички ги напаѓаат полицајците кои во тој момент не се на служба, а паралелно ги фрлаат од прозорците нивните лични работи.

На Лезбос, инцидентите се случија во делот каде планиран за изградба на затворениот центар и каде што веќе започнаа градежните работи.

Полицијата го блокираше пристапот до конкретната локација, по што следеа инцидентите со насобраното локално население.

-Од синоќа ја повикавме владата да ги повлече специјалците, да го одложи напредокот со градежните работи за новиот центар и потоа да разговараме од нула за целиот проблем со мигрантите на трите наши острови за да дојдеме до помирување и жителите да си се вратат на нивните работни места по насилството што го претрпеа, вели Костас Муѕурис, префектот на островите од северниот дел од Егејското Море и изрази надеж дека нивниот предлог ќе биде прифатен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот