Денеска во Кавадарци беше отворена изложба на слики од ликовниот уметник Владимир Темков насловена како ,,Големи и мали”. Тој рече дека сликите тематски ги отсликуваат бојата на небото и водата во Тиквеш.
– Во фокусот се водите во Тиквешијата. Во ова време-невреме, во услови на пандемија од вирусот ковид-19, кога времето како да застана, се создадоа временски услови за потсетување на индивидуалното творештво. ,,Големи и мали” е насловена изложбата на овие слики, приказна од нашето детство, кога на маалската улица се делевме на големи и мали. Сакам да покажам дека и сликите со мал формат се подеднакво важни во моето творештво, како и оние големите. Големината на моето творештво, е и во малиот формат, нагласи Темков.
На изложбата, тој се претставува со слики со различни димензии.