Големата желба за лесни пари ѝ овозможи на измамничка од Бугарија да исчезне со многу милиони евра

Фото: Profimedia

На средина на 2016 година, кога пошироката јавност дозна за „биткоин“ бидејќи од него многу луѓе се збогатија, се создаде огромен интерес за криптовалутите.

Желбата на луѓето да го „фатат возот“ за навидум ветувачкиот пазар, но и фактот дека ниту регулаторните агенции ниту пак медиумите не знаеја многу за него, одлично ја искористи Бугарката Ружа Игнатова (39). Во тоа време угледната бизнисменка со докторат на Оксфорд, во јуни 2016 година организираше гламурозен настан на Вембли, ветувајќи дека нејзината криптовалута ќе го сруши биткоинот, пренесува српска „Политика“.

Британците веќе имаа вложено 30 милиони евра во нејзиниот „Уанкоин“ во првата половина на 2016 година, покажуваат податоците до кои дојде Би-Би-Си. Од август 2014 година до март 2017 година луѓе од десетина земји, од Бразил и Канада, Норвешка, Јемен, Индија и Кина дале за новата криптовалута меѓу, според некои проценки, четири и 15 милијарди евра.

Криптокралицата, како што се претставуваше Игнатова, сепак заборавила на инвеститорите да им каже една работа. За разлика од биткоинот кој користи блокчејн техонологија, сложена информатичка стурктура која ги бележи траговите за секоја транскација, воедно поради што доби голема доверба во технолошки образованите заедници, нејзината валута немала никаква потпора.

Четири месеци по собирот на Вембли, бугарската компанија „Уанкоин“ се обратила кај еден експерт, кој за голема плата, стан и автомобил дополнително да изгради блокчејн, но тој одбил, сфаќајќи ги огромните размери на измамата. Сепак, тоа не го спречило бугарскиот старт-ап и Игнатова да продолажат да ја „продаваат“ приказната за новата криптовалута која ќе го „уништи“ биткоинот.

За разлика од биткоинот, кој во било кој момет може да се продаде за „вистински“ пари (вредноста варира во однос на понудата и побарувачката), во случајот на „ванкоин“ тој момент долго време се одложувал. Целиот проблем требало да се реши на собирот во Лисабон во октомври 2017 година, а Игнатова на изненадување на многумина, таму не се појавила, но не поради како што многумина се сомневале, оти ја киднапирале банкарите поради финансиската револуција којашто ја подготвува. Истрагата на ФБИ октрила дека во тоа време од Софија таа отпатувала во Атина и оттогаш и се губи секоја трага.

Според една теорија, таа добила руски или украински пасош и има заштита од најмоќните Бугари. Според друга, со операции таа целосно го променила својот физички изглед и живее во Лондон, Грција или можеби Франкфурт, каде со германски адвокат таа пред три години добила ќерка.

Истражувајќи ги траговите сѐ од Бугарија до Уганда, откриена е „совршената измама“ на Игнатова. Измамата се содржела од лажна валута и секташко регрутирање на луѓе во пирамидална „шема“, а поради неколку фактори таа фунционирала одлично во првите години: лесното фасцинација на ивеститорите од можностите на технологијата, стравот на луѓето да не ја загубат можноста за лесна заработка, недовербата во естаблишментот и традиционалните медиуми и слично. Освен тоа, д-р Игнатова била особа која влева доверба кај луѓето. Кога во 2015 година зборувала на самиотот на ЕУ и југоисточна Европа во организација на магазинот „Економист“, претставена е како сопствничка на копнија која нуди „иновативен пристап за вложување и трансакции“, со мастер на германскиот универзитет во Констанца и со докторат на Оксфорд во областа на правото.

И понатаму се водат расправи за тоа дали Ружа Игнатова е само параван зад кој стои сериозна криминална група. Од експертската јавност има мислења дека таа не ја испланирала мултимилонската измама и дека во еден момент се обидела да прекине сѐ, но дека „мрачните сили“ не ѝ дозволиле, а поради тоа таа морала да „исчезне“. Луѓе кои биле вклучени во целата работа зборуваат за вмешаност на многу влијателни луѓе во целата работа, но не сакаат да откријат детали заради лична и безбедност на нивните семејства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот