Големата трансформација на Бен Афлек која се случи во врската со новата „Бонд“ девојка (ВИДЕО)

Профимедиа

Оскаровецот Бен Афлек (47) неодамна во јавноста се појави со седа брада и коса, меѓутоа во понеделникот холивудскиот ветеран изгледал многу посвежо и имал темна брада, што многумина изненади.

Бен бил забележан како се шета во Пацифик Палисада со својата 32-годишна девојка и актерка Ана Де Армас која ќе се појави во новиот филм на Џејмс Бонд „No Time To Die“, чија премиера е поместена поради коронавирусот.

Профимедиа

Парот изгледал многу среќно додека се шетал и постојано разменувал нежности.

Тоа што шокираше многумина е фактот дека Бен повеќе ја нема седата брада, туку има потемна коса и брада, а фановите се прашуваат дали само се офарбал или добро избричил и ја скратил косата.

Профимедиа

Парот неодамна ја подигна врската на повисоко ниво кога Бен ја запозна Ана со своите деца Виолет (14), Серафина (11) и Семјуел (8), кои ги има со поранешната сопруга Џенифер Гарнер (48).

Странските медиуми пренесуваат дека Џенифер е многу среќна што Бен повторно се забавува и се оддалечил од пороците.

Профимедиа

„Џенифер е неверојатно среќна што таткото на нејзините деца е среќен и задоволен со животот“, тврди извор близок на актерката.

Афлек и Армас се запознаа на снимањето на еротскиот трилер „Deep Water“, во кој играат пар и поради таа причина веднаш се зближиле. Парот не крие колку се заљубени, а пред пандемијата тие заминаа на романтично патување во родната Куба на Ана, но ја посетија и Костарика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот