Големата тениска тројка не е непобедлива, но…

фото: wtatennis

Големата тројка која ја сочинуваат Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ повеќе од 15 години доминира во тенисот иако веќе сите се навлезени во четвртата деценија. Новиот бран на млади тенисери со прикажаните игри ветува дека конечно ќе успее да ја прекине нивната доминација и ќе бидат конкурентни во битката за титулите.

По финалето на УС Опен, во кое младиот Русин Данил Медведев го намачи Надал и загуби во пет сетови, повторно се актуелизираа приказните за прекинот на доминацијата на Ѓоковиќ, Надал и Федерер.

– Тие тројца се најдобрите тенисери во историјата, така што не е лесно да се победат. Луѓето велат дека младите немаат шанса против нив, но тоа не е вистина. Големата тројка не е непобедлива, но за некој од младите да освои трофеј од голем турнир како грен слем, најверојатно ќе мора да ги победи сите тројца или барем двајца од нив – смета тренерот на Серена Вилијамс, Патрик Муратоглу.

Оваа година сите грен слем титули заминаа во рацете на тенисерите од големата тројка, Ѓоковиќ триумфира на Австралија Опен и на Вимблдон, додека Надал победи на Ролан Гарос и на УС Опен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот