ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА МЕЛАНИЈА: Заради ова 12 години не се вратила во родната Словенија (ВИДЕО)

меланија трамп

Во далечната 1992 година, Меланија Кнавс, ги спакувала куферите, ја напуштила Словенија и заминала во најголемиот моден центар во светот за да стане успешна манекенка.

Изгледа Меланија одлучила да повлече црта и никогаш да не се врати во својот роден крај, но никој не знае зошто.

Денеска, Меланија Трамп е првата дама на САД, но медиумите многу често се повеќе заинтересирани за нејзиниот живот во бившата југословенска република.

Повеќе од 20 години таа поминала во Словенија, Севница, мал град со 5.000 жители. Иако таа тука израснала, не дава интервју за словенечките медиуми.

Американските медиуми повикале луѓе кои некогаш биле во контакт со Меланија за да проверат зошто никогаш не се вратила во својата родна земја и зошто не сака да зборува за некогашниот живот.

Бојан Пожар тврди дека првата дама крие нешто што може да биде лошо за нејзината кариера и дека тоа е една од причините зошто таа не сака да ја посети Словенија.

„Постајно се фали како говори повеќе јазици. Словенечки никогаш не прозборила во јавност, па дури ни кога ќе се сретне со своите сонародници“, тврди Пожар.

Бојан Пожар се позанимавал со животот на Меланија Трамп и разговарал со мажи кои тврделе дека имале некаква врска со нејзе, но ниту еден од нив не открил нешто посебно, па авторот се запрашал – дали некој од нив зборувал вистина? Трамповата сопруга демантирала дека имала било каква врска со мажите со кои ја поврзувале медиумите.

Од друга страна, Санди Горисек, кој исто така се занимавал со животот на Меланија Трамп, тврди дека нејзиното заминување од Словенија не е изненадување, бидејќи таа сакала да побегне од сивата пост-социјалистичка земја.

Аналитичарите тврдат дека ќе дојде време кога Меланија сигурно ќе напише книга за својот живот, но сите се сомневаат дека ќе биде вистините приказна, туку разубавена за јавноста.

Сомнежи постојат дека нејзината фамилија направила нешто што таа не сака да се дознае. Сепак, ова е само една од теориите.

Нејзината земја е многу горда на неа, а иако не ги посетила одамна, тие се надеваат дека во нејзе ќе проработи носталгија и дека сепак ќе се врати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот