ГОЛЕМА ЗАПЛЕНА НА ДРОГА: Повеќе од 80 килограми кокаин се пронајдени во холандски авион

Холандска полиција/ Фото: Миа

Локалните медиуми јавуваат дека кокаинот бил откриен непосредно пред авионот да полета за Амстердам.

Повеќе од 80 килограми кокаин биле пронајдени во карго-авион „Мартинара”, чија матична компанија е КЛМ и притоа уапсени се седум лица, меѓу кои и пилотот.

Холандските медиуми објавија дека тројца уапсени се холандски државјани.

Авионот бил на меѓународен аеродром во близина на Буенос Аирес кога е пронајдена дрогата.

Локалните медиуми јавуваат дека кокаинот бил откриен непосредно пред авионот да полета за Амстердам.

Полицијата истражува дали дрогата е натоварена во Аргентина или Бразил, од каде што полетал авионот, јави РТЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот