ГОЛЕМА ЗАГУБА: Тарантино со својата одлука ГИ РАСПЛАКА неговите фанови

тарантино
Принтскрин

Квентин Тарантино размислува по „Беше еднаш во Холивуд“ да се повлече од режисерските води кога се во прашање кинематографските проекти, наведува магазинот „Џи кју“.

Како што цитираат тие, популарниот режисер сака да се обиде во пишување книги и режирање театарски претстави, бидејќи мисли дека на кино-светот му дал сè што можел.

Иако тој одамна зборува дека ќе ја заврши кариерата откако ќе сними 10 филмови, „Беше еднаш во Холивуд“ е 9-ти, не ја исклучил ни можноста да се повлече многу порано од тоа.

Бред Пит, кој често е дел од неговите филмови, изјавил дека Тарантино не блефира и дека не е првпат да размислува за ваков чекор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот