ГОЛЕМА ЗАБАВА во недела со „Прљаво казалиште” и „Нокаут”

Општина Аеродром денеска одбележува 14 години од своето основање. По тој повод, градоначалникот Златко Марин ја најави роденденската прослава што ќе се одржи во недела, во паркот „Авион” на која ќе настапат групите „Прљаво казалиште” и „Нокаут”.

– Хепенингот ќе почне на пладне со настап на нашите најмали жители, кои не само што растат во Аеродром туку се и нејзината иднина. Децата од градинките и основните училишта ќе се забавуваат со ритмички точки, хип-хоп настапи и соло-пеење. Ним ќе им се придружат децата од училиштето „Аква денс” и хорот „Златно славејче” – изјави градоначалникот Марин.

Забавата во недела претставува продолжение на традицијата почната минатата година да се одбележува роденденот на општината со забава на отворено, во согласност со заложбата да се доближи општината до граѓаните за отвореност и достапност за сите.

На денешната прес-конференција присуствуваа и претседателката на Советот на општината, Ивана Цветковска и Пере од групата „Нокаут”. „Нокаут” ќе настапи од 20 до 21.30 часот, а по нив до полноќ концерт ќе одржи „Прљаво казалиште”. Пере најави дека ќе изведат нешто и од својот најнов материјал што ќе се појави пред почетокот на летото и ги повика да присуствуваат граѓаните од Аеродром и од другите општини.

Покрај забавен, прославата ќе има и хуманитарен карактер. Ќе се донира за социјално ранливите категории на граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот