Голема трагедија, загина 18-годишниот син на Михаел Балак

Фото: EPA/RONALD WITTEK

Емилио Балак (18), синот на славниот германски фудбалер, Михаел Балак, го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Емилио бил во Португалија на одмор, а несреќата се случила во четвртокот, околу два часа по полноќ.

Деталите сè уште не се познати во јавноста, а локалните медиуми објавија дека трагедијата се случила додека синот на легендарниот Германец возел квад.

Семејството Балак веќе некое време поседува викендица во близина на Лисабон, а по несреќата експресно реагираа брзата помош и пожарникарите, но не успеаја да го спречат трагичниот исход, објави „Мирор“.

Фудбалскиот клуб Челси, чиј член беше Михаел во текот на неговата кариера, како и многу љибители на фудбалот, испратија пораки со сочувство до семејството Балак.

Славниот фудбалер ја заврши кариерата во 2012 година, а покрај Челси играше за Баерн Минхен и Баер Леверкузен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот