ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Само што излегол од затвор откако бил неправедно осуден, загина во земјотресот во Албанија (ФОТО)

Фото; Аријана Лоце

Албанските медиуми тврдат дека ја идентификувале првата жртва на силниот земјотрес кој утринава ја погоди Албанија. Станува збор за Кристијан Преци, кој само што излегол од затвор откако бил неправедно осуден, го загубил својот живот, пренесува „Индексонлајн“.

Репортерката на емисијата „Бум“, Аријана Лоце, идентитетот на жртвата го објави на социјалните мрежи. Според нејзините информации, Пречи бил неправедно осуден и по обраќањето во нејзината емисија, тој бил ослободен по петмесечниот престој и издржување на казната.

Меѓутоа, неговата среќа не траела, поради тоа што тој го загуби својот живот во земјотресот со јачина од 6,4 степени по Рихтер кој утринава ја погоди Албанија.

Фото: Визион плус

Новинарката изрази сочуство за семејството на загинатиот маж, а се уште нема официјална потврда дека Пречи е една од шесте жртви во земјотресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот