Голема трагедија: Роналдо објави дека почина неговиот новороден син
Семејна трагедија на Кристијано Роналдо – познатиот фудбалер објави дека починал неговиот новороден син.
– Со најдлабока тага објавуваме дека нашето мало момче почина, тоа е најголемата болка што родителите можат да ја почувствуваат.
– Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да го живееме овој момент со малку надеж и среќа – објавија на социјалните мрежи Роналдо и неговата свршеница Георгина Родригез.
Роналдо веќе беше татко на четири деца пред Георгина да забремени, а едно има со Георгина, тригодишниот Алан Мартин.
Кристијано Јуниор (11) и близнаците Ева и Матеа (4) се родени од сурогат мајка. Во октомври тој и Георгина објавија дека очекуваат близнаци.
Португалската суперѕвезда ја запозна Георгина во 2016 година, кога таа работеше во продавница на „Гучи“ во Мадрид.
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) April 18, 2022