Голема тепачка меѓу навивачите на Сити и Ливерпул (ВИДЕО)

twitter.com/MirrorFootball

„Комјунити шилд“ меѓу Ливерпул и Сити е како една најава пред она вистинското што следува во наредниот период, а тоа е старт на новата премиерлигашка сезона.

А навивачите веќе ја загреваат атмосферата, иако сите посакуваме ваквите немили настани да не бидат присутни.

Пред почетокот на дуелот се случа голема тепачка во која учествуваа навивачите на Сити и Ливерпул.

Манчестер сити славеше на крајот на пенали против „црвените“ со 5:4, „трагичар“ кај Редси беше Вијналдум.

Во регуларните 90 минути беше 1:1, после првиот дел водеа „граѓаните“ со погодокот на Стерлинг во 12 минута, а израмни Матип во 77 минута на „Вембли“ стадионот во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот