Голема Русија повторно се раѓа, прогласи Медведев

Дмитриј Медведев / Фото EPA-EFE/YULIA ZYRYANOVA

Поранешниот руски претседател и премиер, Дмитриј Медведев, кој сега е заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, се огласи по потпишувањето на указот за пристапување на четирите окупирани украински региони во Руската Федерација.

Тој испрати порака преку својот профил на „Телеграм“.

„Вистината триумфира! Голема Русија повторно се раѓа“, напиша Медведев.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно во Кремљ го потпиша указот за прием на Херсонската и Запорошката област, како и Донецката и Луганската Народна Република во составот на Руската Федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот