Голема резултатска криза на МЗТ во АБА2 лигата!

фото: Novi Pazar/Senad Zupljanin

Играчите на тренерот Ѓорѓи Кочов веќе еден месец не знаат за триумф во регионалното кошаркарско натпреварување…

Вечерва составот на МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и петтиот пораз по ред во Србија од екипата на ОКК Нови Пазар со конечен резултат 79:70 (25:18, 23:15, 14:18, 17:19).

Последен пат „металците“ во регионалното кошаркарско натпреварување триумфираа на 15. јануари, но оттогаш играчите на тренерот Ѓорѓи Кочов редат само порази.

Олуџоби имаше „дабл-дабл“ учинок од 20 поени и 12 скокови, следен од Магдевски со 13 поени, а на спротивната страна во победничките редови Мелори реализираше 27 поени (пет скокови).

До крајот на регуларниот дел од сезоната популарните „штркови“ ќе имаат уште еден меч, на 11. март на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ против црногорскиот Ловќен Цетиње.

Моментно на табелата после 21. одиграно коло МЗТ е на второто место со 33 бодови, зад лидерот Борац (40), на третата позиција е Сплит (33), а на делба на четвртото место се Сутјеска и Широки Бријег со по 32 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот