Голема раздвиженост во Атина и покрај рестрикциите

Ковид Грција/ Фото EPA-EFE/PANTELIS SAITAS

Улиците полни со автомобили и мотори, клупите во парковите со пензионери, младите со кафиња за носење во парковите.

Пролетно сончево саботно претпладне, како и кое било друго, но со нијанса намален сообраќај и затворени кафулиња, продавници и ресторани, ваква е сликата во повеќе делови на грчката престолнина и ништо не наликува на тоа дека во земјата најмалку 10 лица починаа, а речиси 500 се заразени со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Луѓе купуваат намирници при отворен пазар во центарот на Атина /16 март 2020 / ФОТО: EPA-EFE/PANTELIS SAITAS

Апелите од Владата и епидемиолозите до граѓаните да останат дома, како да не стигнаа до сите Грци.

Дописничката на МИА од Атина направи обиколка во неколку населби во грчката престолнина, а раздвиженоста на граѓаните е повеќе од очигледна.

Улиците полни со автомобили и мотори, клупите во парковите со пензионери, младите со кафиња за носење во парковите.

Групи туристи пред затворениот Акропол, Атина – 16 март 2020 / ФОТО: EPA-EFE/PANTELIS SAITAS

Иако препораките од грчката влада се граѓаните да го сведат нивното движење на минимум, само доколку е неопходно.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во пораката до граѓаните во четвртокот се осврна токму на викендов и истакна дека од однесувањето на граѓаните ќе зависи дали владата ќе треба да преземе уште подрастични мерки за ограничување на движењето.

– Викендов е можност да ја покажеме нашата општествена одговорност. Бидејќи нема да имаме никаква професионални обврски, нема да се движиме надвор. Остануваме дома и читаме, слушаме музика, гледаме филмови, комуницираме со нашите, со оние кои ги сакаме. Излегуваме сами на прошетка или трчање. И во секој случај, избегнуваме собирања. Од сите нас и од нашето однесување, на крајот, зависи дали владата ќе треба да преземе уште подрастични мерки за ограничување на движењето, рече Мицотакис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот