Голема рација на полицијата и инспекцијата во Скопје, приведен угостител и уште неколку лица

Фото: МВР

Во текот на вчерашниот ден, во временскиот период од 16:00 до 23:00 часот на подрачјето на СВР Скопје, беше спроведена зајакната акциска контрола од страна на Единиците за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, во поглед на почитување на мерките од Законот за заштита на населението од заразни болести и новите одлуки за промена на работното време на угостителските објекти.

Притоа, извршени се контроли во 257 угостителски објекти, при што е констатирано непочитување на работното време во еден угостителски објект на подрачјето на Петровец, согласно последната Одлука на Владата, со која работното време се ограничува на 18:00 часот.

Со ова, одговорното лице на угостителскиот објект М.З., од с.Петровец сторил кривично дело по чл.206 од Кривичниот законик. Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е затворен, М.З. е приведен во Полициска станица Гази Баба и известен е Јавен обвинител од ОЈО Скопје.

Фото: МВР

Во рамки на зајакнатата контрола, на Плоштад Македонија приведени се и 2 (две) лица, А.Д.(25) и О.Б.(32), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени пиротехнички средства, наменети за продажба без одобрение. Тие биле приведени во полициска станица и издадени им се записници за констатиран прекршок по чл.69 ст.1 од Законот за експлозивни материи. Воедно, на различни локации на подрачјето на СВР Скопје, се констатирани и дополнителни 77 прекршоци за неносење на заштитна маска.

Драми во центарот на Скопје: Полуголи се групирале и вежбале јога, во темница се криеле во познат скопски клуб и бегале од инспекторите, пијани се заканувале

Исто така, на подрачјето на СВР Скопје извршени се контроли и во вкупно 18 други објекти од услужна дејност, и тоа маркети, спортски обложувалници, казина и хотели, во насока на почитување на посебните протоколи и мерки за работа.

Од страна на Одделот за безбедност на патниот сообраќај, во истиот период вчера е спроведена зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на подрачјето на град Скопје, при што се преземени 517 мерки, меѓу кои 72 санкции за возење без возачка дозвола, 64 нерегистрирани возила, 18 за возење под дејство на алкохол, 13 санкции за техничка неисправност на возила од јавен превоз…

ВИДЕО: Се појави снимка од гостите во скопскиот бар „Мош“ кои се заканувале на полицијата и бегале преку ограда

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи и во наредниот период со зајакнати мерки и активности во угостителските објекти и други објекти од услужната дејност, како и со акциски контроли во сообраќајот. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, како и мерките и протколите донесени од Владата, со цел поефикасна заштита на населението од коронавирусот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот