Голема премиерлигашка битка ќе се води за Филипе Кутињо!?

фото: твитер

Барса планира да направи неколку промени во својот состав под раководство на тренерот Кике Сетиен, една од целите е да биде продаден бразилскиот фудбалер.

На Филипе Кутињо ќе му биде дозволено да ја напушти Барселона наредното лето за 77 милиони фунти. Како што информира „Дејли Експрес“, Манчестер јунајтед и Ливерпул се во трка за потписот на бразилскиот интернационалец.

Кутињо моментно е на позајмица во редовите на Баерн Минхен (до 30 јуни 2020 година) и истиот извор наведува дека германскиот шампион ја има опцијата да го откупи договорот на играчот на крајот од сезоната за 102 милиони фунти.

Барса планира да направи неколку промени во својот состав под раководство на тренерот Кике Сетиен. Една од целите е да биде продаден Кутињо кој би можел да се врати во Премиер лигата.

Вкупно пет години ги бранеше боите на Ливерпул со одиграни 152 натпревари и 41 реализиран погодок. Моментно според „Трансфермаркт“ вреди 70 милиони евра.

Освен Манчестер јунајтед и Ливерпул, за неговите услуги интерес покажуваат уште Челзи, Манчестер сити и Тотенхем. Сезонава во Бундес лигата има 18 одиграни мечеви и шест голови.

Без сомнение наредното лето се очекува голема премиерлигашка битка за овој фудбалер кој не успеа да дојде до стартно место во Барса, а тешко се снаоѓа и во баварскиот гигант.

Германците посакуваат да го ангажираат Каи Хаверц од Баер Леверкузен, а овој играч е воедно желба и на менаџерот на Редси, Јирген Клоп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот