Голема потрага по нацистичко богатство: Во Полска скриено злато вредно 1,25 милијарди фунти

Фото: Profimedia

Дневникот со децении бил кај 1.100 години стара масонска ложа пред да биде предаден на фондацијата пред 10 години.

Постојат сомнежи дека во темелите на палата во Полска се кријат 28 тони нацистичко злато вредно повеќе од милијарда фунти, откако таа локација е спомената во дневник.

Истражувачи од полско -германската фондација Шлески мост, кои тврдат дека дневникот го набавиле од масонска ложа, велат дека богатство е закопано во последните денови од Втората светска војна, заедно со труповите на повеќе сведоци. Според фондацијата залихи од златни плочки, накит и монети лежат на дното на разрушеното бунарско окно во темелите на урнатата палата Хохберг, во близина на Вроцлав, објави Дејли Мејл,

Ако ова тврдење е точно, богатството би можело да вреди 1,25 милијарди фунти според денешните цени.

Роман Фурмањак, претседател на фондацијата која ја пронајде локацијата, тврди дека дневникот го напишал СС офицер Егон Оленхауер, кој бил врска меѓу СС полицајците кои го скривале богатствто и богатите членови на СС и нивните семејства кои ги поседувале тие скапоценсоти.

Се смета дека Хитлер наредил во регионот на Шлезија да се скријат 260 камиони натоварени со скапоцености, кога се промени водството во Втората светска војна.

Според Фурмањак, дневникот со децении бил кај 1.100 години стара масонска ложа пред да биде предаден на фондацијата пред 10 години.

Рече дека сите детали може да бидат објавени дури минатата година откао сите поврзани со настаните од дневникот починале, а тоа што сега излегува во  јавност е обид да се натера владата на ископувања.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот