Уапсени измамници кои лажеле граѓани за наводни наместени утакмици

Во Република Српска во тек е голема полициска акција наречена „Вектор“. Се вршат претреси на 25 локации кај 26 лица во областа Фоча, Хан Пјесак и Источно Сараево со апсење на личности кои се поврзани со кривично дело, перење пари и изнуда преку социјални мрежи.

Полициските службеници акцијата ја спроведуваат под надзор на јавното обвинителство од Требиње. Групата се осомничи за кривични дела измама и за перење пари.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, Мирна Милјановиќ изјави дека во рамките на оваа акција биле извршени претреси на 25 локации

– Тие се осомничени дека ги извршиле гореспоменатите кривични дела од октомври 2020 година до денес, преку рекламирање преку профили на социјалните мрежи дека имаат информации за наместени спортски натпревари, а потоа и контактирале со оштетената страна преку апликации за комуникација. Жртвите биле од Северна Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Австрија, Швајцарија, Германија, Франција и други земји. Со лажно презентирање и прикривање на фактите, тие ги држеа измамените во заблуда дека имаат информации за наместени спортски натпревари и ги навеле да плаќаат пари преку услугата – објасни Милјановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот