Голема полициска акција во Косово: Уапсени 33 лица поради шверц на луѓе, оружје и наркотици

Косовската полиција синоќа уапси 33 лица, меѓу кои и 10 полициски службеници, во голема координирана операција во селото Карачево во Општина Каменица, крај Приштина и други места низ земјата, а веднаш беше преземена и акција за уривање на десетина нелегални казина во Карачево.

Основното обвинителство во Гњилане, полицискиот инспекторат и Полицијата на Косово, преку соопштение за јавноста, информираа дека операцијата е изведена како резултат на, речиси, едногодишни истражни активности за нелегални дејствија, меѓу кои нелегално коцкање, трговија со луѓе, со оружје и наркотици, шверц на стоки и други криминални активности.

Според соопштението, полициските службеници во законски предвидениот рок ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка, додека при акцијата се запленети апарати за игра на среќа, разни стоки и предмети за кои се претпоставува дека се користени за криминални активности.

Оваа операција, нагласува Обвинителството во Гњилане, е најголема од таков вид во Косово и претставува пример на соработката меѓу обвинителството, полицијата и полицискиот инспекторат. Приштинските медиуми јавија дека меѓу уапсените полицајци и другите лица има припадници на албанската и српската националност.

Селото Карачево, каде што главно беше сконцентрирана акцијата, се наоѓа на самата граница со Србија и стана актуелно откако на почетокот на август годинава таму влезе патрола на униформирани припадници на српските безбедносни сили. Настанот предизвика бурни реакции во јавноста, а опозицијата ја обвини власта дека не е способна да ја штити трериторијата на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот