ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Во еден ден уапсени шест дилери

Шестмина дилери, четворица од Скопје и двајца од Тетово се уапсени вчера во акција на полицијата.

Од полицијата известуваат дека на булеварот „АСНОМ“ во Скопје е уапсен Д.Д.(26) од Скопје, а на Бит Пазар се уапсени А.Ц.(19) и Н.Н.(42), двајцата од Скопје, додека на улицата „Козле“ во истоимената населба е уапсен С.А.(28) од Гевгелија.

Во тетовското село Порој, полицијата го уапсила Е.А.(20) од ова село, додека на улицата „Јордан Златановски“ во Тетово е уапсен С.И.(33) од Тетово.

Кај шестмината уапсени полицијата пронашла марихуана, а против нив МВР најави дека ќе поднесе кривични пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот