Голема полициска акција во Арачиново, уапсен пиштолџија

Фото: МИА

МВР информира дека синоќа е извршена полициска акција за контрола во Арачиново, при што е привредено едно лице.

– На 03.12.2022 полициски службеници од СВР Скопје –  Единица за недозволена трговија, Единица за интервентна полиција, Одделение за Потраги и Одделот за специјални полициски операции извршија акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на с.Арачиново, скопско, при што лишен од слобода А.Д.(40), вработен во еден од локалите. Кај него бил пронајден пиштол “ТТ” и рамка со осум куршуми. Тој е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 396 од Кривичниот законик – велат од полицијата.
Оттаму додаваат дека во рамки на акциската контрола бил извршен преглед на 54 лица затекнати во угостителските објекти и 11 возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот