Голема победа на Јунајтед: Сити се повлече, Фергусон го враќа Роналдо на „Олд трафорд“

Кристијано Роналдо повторно во дресот на „црвените ѓаволи“/ фото: EPA/MAGI HAROUN

Завршницата на преодениот рок е неверојатна бидејќи во неа „главната улога“ ја имаат едни од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата како Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд и Кристијано Роналдо.

Скај Спортс и „Манчестер ивнинг“ објавија сензационална вест, Кристијано Роналдо нема да потпише за Манчестер сити туку ќе се врати на „Олд трафорд“.

„Граѓаните“ се повлекоа од трансферот на Роналдо, но веднаш на сцена стапи неговиот поранешен клуб, Јунајтед.  Наводно клучна улога во овие случувања има легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон кој денеска имал разговор со Роналдо по што следуваше пресвртот.

Според последните информации, Јувентус ја одби првата понуда на Манчестер јунајтед, но е подготвен да ги продолжи преговорите за трансферот на Роналдо да биде завршен до крајот на преодниот рок.

Во Јунајтед се убедени дека ќе успеат да реализираат трансферот и затоа на агентот на Португалецот, Жорге Мендеш веќе му ги испратија документите за двегодишниот договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот