Голема кафеанска тепачка во Тетово

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

Четири лица, меѓу кои едно малолетно, се приведени вчера околу  23 часот во угостителски објект во Тетово.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски истакна дека полициски службеници ги привеле Р.Б. (35), К.А. (27), А.Б. (21) и 17-годишник, сите од Тетово, откако физички ги нападнале 43-годишната Ш.Н. од Гостивар и А.А.(38) од тетовско Боговиње.

Нападот се случил во угостителскиот објект лоциран на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово

-Тие биле задржани во полициската станица Тетово и по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок – нагласи Јосифоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот