ГОЛЕМА ЕПИДЕМИЈА НА ЛИСТЕРИЈА ВО ШПАНИЈА: Тројца починати, повеќе од 220 заразени

Тројца луѓе починаа, а најмалку 222 се заразени во досега најголемата епидемија на листерија забележана во Шпанија, соопшти Светслата здравствена организација. Заразата, која е предизвикана најверојатно од свинско месо произведено на југот од земјата, главно погодила жени или постари лица од 65 години, додава СЗО.

Поголем дел од заболените се од Андалузија, бидејќи фабриката за преработка на месо „Магрудис“ се наоѓа во Севиља.

Од полиците повлечени се сите производи од свинско месо што биле произведени пред 1 мај.

СЗО предупредува на понатамошен раст на бројот на заболени, бидејќи производите на „Магрудис“ во Шпанија се многу популарни, рокот на траење им е три месеци, а во таа земја доаѓаат и голем број туристи кои летуваат таму и консумираат производи од овој производител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот