Голема експлозија во близина на иранска нуклеарна централа

Како што јави иранската новинска агенција ИРНА, предмалку се случила огромна експлозија на само неколку километри од една од иранските нуклеарни централи во регионот Бадруд.

Репортер на Фарс њуз вели дека звукот на експлозијата се слушнал пред еден час и бил многу силен, но траел кратко. Според локални извори, на небото била забележана силна светлина. Репортерот од месното население слушнал дека бил соборен дрон од непознато потекло. Истотого велат и други непотврдени извори кои додаваат дека експлозијата настанала кога противавионска ракета погодила дрон.

Гувернерот на Натанц за агенцијата Фарс њуз го потврди инцидентот и рече дека детали сѐ уште не се познати, но вети дека ќе бидат објавени веднаш штом ситуацијата ќе стане појасна.

Последните вести се дека се огласила иранската војска со соопштение дека извршила ненајавена ракетна проба.

Повеќе информации наскоро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот