ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО ТИРАНА: 50 лица уапсени за измама со ДДВ, зад решетки и познати бизнисмени

Топ Чанел

Бран на апсења се случија доцна синоќа во Тирана, меѓу нив има и бизнисмени, под обвинение за измама со ДДВ.

Полициската операција и на Обвинителството е во тек и се вели дека 50 лица се осомничени дека биле вклучени во шемата за измама со ДДВ.

Обвинителството на Тирана во соработка со даночните инспектори ја спровеле акцијата, додека обвинителите Елизабета Имерај и Вал Пренчи лично го водат случајот.

Бизнисмените се обвинети за сторено кривично дело „Измама во субвенции“, што со закон се казнува со парична казна или до четири години затвор.

Досега не се објавени имињата на уапсените бизнисмени, а деталите се очекува да се дознаат во наредните часови, како и за бизнисите кои се опфатени со операцијата. Ова операција е дел од кампањата за борба против неформалноста што албанската Влада ја започна пред неколку недели, јавува Топ Чанел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот