Голема акција на полицијата во Чаир

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерството за внатрешни работи во на изминатиов месец континуирано врши засилени акциски контроли во областа на сообраќајот.

„Слободен печат“ неофицијално дознава дека вечерва на пик се чаирчани, а досега се казнети повеќе од сто несовесни возачи. 

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 272 санкции, меѓу кои 63 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 15 мерки за технички неисправни возила, 20 за возење без возачка дозвола и 2 мотоциклисти.

Изречени се 87 мерки за непрописно паркирање, 79 возила се подигнати со „пајак“, а изречени се 22 казни за неносење на заштитна маска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот