Голема акција на полицијата: Се апсат луѓе во Грчец и Арачиново

Голема полициска акција се случува на неколку локации во Скопје, меѓу кои и во селата Грчец и Арачиново, потврдуваат од МВР за „Канал 5“.

Жители на овие населени места сведочат за десетици полициски возила со специјални единици од МВР на терен.

Од полицијата не откриваат детали за што се работи, кого апсат и која е целта на акцијата, но неофицијално акцијата е поврзана со пукањето во Александар Палас минатата недела.

Од МВР најавија дека со повеќе детали ќе излезат во текот на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот