Голема акција на Фејсбук: Отстранети над три милијарди лажни профили

Од Фејсбук соопштија информираа дека од октомври минатата година до март годинава, биле идентификувани и отстранети повеќе од три милијарди лажни профили, што е двојно повеќе од претходните шест месеци.

Тоа покажува со колкави предизвици се соочуваат експертите во компанијата за да препознаат и угасат профили, кои прават компјутери за да шират спамови и лажни вести.

Наспроти тоа што во компанијата постојано усовршуваат и развиваат алатки за препознавање лажни профили тоа го работат и оние кои ги прават, па е очигледно збор за мртва трка.

Во соопштението на Фејсбук, се наведува дека 99 отсто од три милијарди лажни профили биле блокирани неколку минути откако биле поставени, пред да ги види некој и да ѝ пријави на компанијата.

Фејсбук секој месец има околу 2,4 милијарди активни корисници, а во компанијата сметаат дека од прилика секој дваесети активен корисник е лажен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот