Голема акција на Европол низ Европа: Уапсени се 667 луѓе, разбиени се 25 криминални организации

Европол / Фото Архива

Во акција на Европол низ Европа уапсени се 667 луѓе, разбиени се 25 криминални организации и запленети се дрога и допинг-супстанции вредни 73 милиони евра.

Европол ја координираше операцијата „Штит” во обид да се запре производството на фалсификувани пари, лекови и допинг-супстанции, се вели во соопштението.

Во операцијата учествуваа полициски единици од Финска, Франција, Грција и Италија, во соработка со уште 27 други земји од Европа.

Акцијата траеше меѓу март и септември годинава, беа разбиени 25 банди и беа уапсени близу 700 лица и запленета е поголема количина лекови за рак, болка, вируси и други болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот