Голема акција на Европол и ФБИ: Уапсени 179 лица, запленет пола тон дрога и оружје

Полициските сили ширум светот запленија во заедничка акција на пазарот на темнат мрежа (dark web) повеќе од 6,5 милиони долари во кеш и во виртуелни валути, како и оружје и дрога, објави Би Би Си.

Ширум Европа и САД уапсени се 179 лица, а запленети се и 500 килограми дрога и 64 пиштоли.

„Заврши златното доба на овие илегални пазари“, стои во соопштението на Европол.

„Скриениот интернет повеќе не е скриен“, рече Едвардас Силерис, челник на Центарот за интернет криминал на Европол.

Операцијата позната под името „DisrupTor“ е изведена со заеднички напори на Европол и американското министерство за правосудство. Уапсените криминалци учествувале во десетици илјади продажби на илегални добра и услуги во Европа и САД.

Меѓу запленетата дрога имало кокаин, метамфетамини, хероин, екстази и МДМА. Од уапсените, 119 се од САД, двајца од Канада, 42 од Германија, осум од Холандија, четворица од Велика Британија, тројца од Австрија и еден од Шведска.

Како што наведува БиБиСи, полицијата е се поуспешна во откривањето на операциите кои се спроведуваат на темната мрежа, на која може да се пристапи со помош на посебни алатки.

„Силите на законот се најделотворни кога дејствуваат заедно. И денешната вест испраќа силна порака до криминалците кои продаваат или купуваат илегални добра на темната мрежа. Скриениот интернет повеќе не е скриен, анонимните активности повеќе не се анонимни“, рече Силерис.

Директорот на ДБИ Кристофер Вреј рече дека деншната објава дошла во вистинско време со оглед на порастот на смртноста од предозираност во текот на пандемијата од коронавирус.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот