ГОЛЕМ УСПЕХ: Каратистот Павлов во финалето на Премиер-лигата во Салцбург

фото: МКФ

Најдобриот македонски каратист, Емил Павлов, се наоѓа пред остварување на нов голем успех, се пласира во финалето на турнирот од Премиер лигата кој се одржува во Салцбург, Австрија.

Противник на Павлов во финалето ќе му биде Италијанецот Анџело Крешенцо, кој е добро познат за македонскиот каратист. Токму Крешенцо беше еден од ривалите на Павлов кога стана европски шампион во 2018 година.

На патот до финалето, Павлов ги совлада Мохамед Фахед од Јордан со 3:2, Црногорецот Ненад Дуловиќ со 1:0, Јертанек Баитурејев од Казахстан е совлада со 4:0, додека во полуфиналето беше подобар од каратистот од Казахстан, Даркан Асадилов со 2:1.

Освен Павлов, шанса да освои медал во Салцбург има и Фахик Весели и денеска во репасажот ќе се обиде да дојде до бронзениот медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот