Голем топлотен бран ја зафаќа Македонија: Издадени и препораки за заштита од пожари

Сонце / Фото: Архива на Слободен Печат

Под влијание на топол бран што ќе ја зафати нашата држава од денеска се очекува многу топло време со температури кои на повеќе места ќе го надминат 35-тиот степен.

За денеска, синоптичарите најавуваат температури над 30 степен, а веќе утре и задутре на повеќе места максималните температури ќе бидат над 35 степени.

Од среда до петок во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Поради најавите за топлотен бран, од Дирекцијата за заштита и спасување вчера апелираа да се почитуваат превентивните мерки за заштита од шумски пожари и други пожари на отворен простор.

Се апелира до граѓаните да не фрлаат цигари и догорчиња, стаклен отпад и стаклени шишиња, да не се пали оган на отворен простор и во шума, како и да не се палат стрништа и меѓи. На граѓаните им се препорачува доколку забележат пожар, веднаш да ја известат Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот