ГОЛЕМ СПОРТИСТ, МАЛ ЧОВЕК: Допингуваниот Сун Јанг не се кае за суспензијата

EPA-EFE/YONHAP

Судот за спортска арбитража (ЦАС) го критикуваше кинескиот пливач Сун Јанг бидејќи не покажа дека се кае за своите постапки поради кои заработи осумгодишна суспензија и практично ја заврши кариерата.

ЦАС ја прифати жалбата на Светската антидопинг агенција (ВАДА) која се жалеше на одлуката на Светската пливачка федерација (ФИНА) да го ослободи олимпискиот шампион од обвиненијата за лошо однесување за време на допинг тестот во 2018 година.

На сослушувањето, Сун Јанг изјави дека лицата од ВАДА за време на тестирањето не се легитимирале и дека се однесувале непрофесионално, поради што ги поттикнал луѓето од својот тим да ги уништат примероците од дадената крв.

Во своето образложение кое го објави на својот интернет сајт, ЦАС, истакнува  дека пливачот имал намера да ги обвини лицата од ВАДА но и луѓето од својот тим, како и дека не сакал да ја презеде одговорноста за своите постапки.

„Впечатливо беше тоа што за време на својата одбрана, пливачот не покажуваше знаци дека се кае за своите постапки, ниту потенцира дека за него би било подобро да постапел поинаку во одредениот случај. Сепак, како што се развиваше случајот, тој одлучи да обвини други лица за своите очигледни грешки кои се случија. Ниту во еден момент не се соочи со податокот дека можеби претерал во својата реакција“, стои во соопштението на ЦАС.

EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Комисијата исто така објави дека го отфрлила сведочењето на Сун Јанг во кое тој тврдел дека лицата од ВАДА му препорачале кај себе да ги чува примероците поради неговата загриженост околу процесот на тестирање. Испитувачите од ВАДА пред судот изјавија дека во неколку наврати го потсетиле пливачот за можните последици доколку ги игнорира правилата на ВАДА.

„Комисијата примети дека пливачот има силна личност и изгледа како да очекува дека неговиот став да надвладее. Тоа беше присустно за време за сослушувањето“, стои во одлуката на ЦАС.

Сун Јанг е актуелен олимписки шампион од Рио де Жанеиро во дисциплината 200 метри слободно, а освои и два златни медали на Игрите во Лондон 2012 година.

Во одлкуката на ЦАС се наведува дека ВАДА бара да се поништат сите резултати кои Сун Јанг ги постигна по спорниот допинг тест во 2018 година, што значи губење на светските титули на 200 и 400 метри слободно од минатогодинешното СП.

Ова е втор пат кинескиот пливач да биде суспендиран поради прекршување на анти-допинг правилата. Тој во 2014 година беше суспендиран на три месеци бидејќи бил позитивен на стимуланс кој во тоа време бил забранет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот